Google се промени, тие што треба да го спасат го напуштија бродот

Објавено на 15.12.2019 во Новости



Google се промени, тие што треба да го спасат го напуштија бродот

Google со години е еден од најпосакуваните работодавци, вработените работат на проекти што го менуваат светот. Имаат одлични приходи, а компанијата е позната и по својата позитивна култура и слоганот „не биди лош“. 

Нештата со текот на времето се променија и во последно време од Google се почесто доаѓаат информации за незадоволни вработени, на кои не им се допаѓа насоката кон која компанијата се движи. Се уште сме шокирани како Пејџ и Брин го пуштија „таткото на Android", Енди Рубин, да замине од компанијата на мирен начин, побогат за 90 милиони долари, и покрај обвинувањата за сексуалното злоставување.

Вработените се побунија за договорот што Google го склучи со војската околу користењето на вештачката интелигенција, како и поради неодамнешните откази од некои вработени. Од Google тврдат дека до прекин на работниот однос дошло затоа што пристапувале кон документи што биле забранети, а тие тврдат дека без работа останале затоа што се обиделе да ги заштитат правата на вработените и да се изборат за подобри работни услови.