ZTE го најави наследникот на Axon 10 Pro 5G

Објавено на 16.12.2019 во Новости



ZTE го најави наследникот на Axon 10 Pro 5G

ZTE годинава во февруари на MWC 2019 го најави еден од првите смартфони со 5G мобилна конекција. Таа пракса ќе ја продолжи и годинава со наследникот на ZTE Axon 10 Pro 5G.

Според најавите исто така на MWC 2020 ќе биде целосно претставен новиот модел ZTE Axon 10s Pro 5G кој ќе работи со новиот супер моќен осум-јадрен Snapdragon 865 процесор кој е одлично компатибилен со Snapdragon X55 модемот.

Преку него ZTE Axon 10s Pro 5G ќе има врвни брзини на мобилен интернет.