Huawei P40 ќе биде со OLED дисплеј од 120Hz

Објавено на 18.12.2019 во Новости



Huawei P40 ќе биде со OLED дисплеј од 120Hz

Huawei P40 се очекува да биде најдобриот смартфон на годината, за кого веќе излегуваат спецификациите. Има дојава дека дисплејот на топ моделот ќе биде 2К OLED Waterfall со големина од 6.5 инчи и 120Hz освежување, што е навистина скап и квалитетен екран.

Задната камера ќе биде со 64MP главен сензор, со 20MP ултраширок сензор и телефото сензор од 12MP со макро ToF сензори. Капацитетот на батеријата ќе биде најверојатно 5500mAh.