Huawei Mate 30 Pro 5G доминира со камерата на листата од DxOMark

Објавено на 19.12.2019 во Новости



Huawei Mate 30 Pro 5G доминира со камерата на листата од DxOMark

DxOMark излезе со најновиот список после тестирањето на камерата на премиум моделот Huawei Mate 30 Pro 5G. Топ моделот на Huawei е на врвот на топ листата со камерата, кој го надмина Mate 30 Pro, кој е е „ограничен“ со LTE мрежа, а претходно тој беше на врвот. 

Во хардверот на фотографирањето нема никакви разлики меѓу овие два топ модела, но во делот за поставките на софтверот и исксутвото во снимањето видеа, има разлика. DxOMark дал оценка 123 поени на овој смартфон, со што предничи за 2 поена од LTE верзијата. DxOMark потенцира дека Mate 30 Pro 5G е подобар во зумирање, ефектот за замаглување и ноќниот режим. 

Автор: Aleksandar Stankov