Google не може да најде заеднички јазик со турските власти за Android

Објавено на 19.12.2019 во Новости



Google не може да најде заеднички јазик со турските власти за Android

Смартфоните со Android софтвер во Турција нема да функционираат со апликациите на Google, затоа што компанијата не успеа да го реши спорот со турските служби во овој сегмент. Google ги известил своите партнери во Турција дека ќе биде оневозможен да соработува за новите Android смартфони.

Проблемите почнале кога рускиот конкурент Yandex поднел тужба против Google.Така во 2018 година компанијата добила наредба да овозможи други пребарувачи за Android корисниците во рок од 6 месеци, а истовремено добила и казна од 17,4 милиони долари. Google е се уште во преговори со турските власти, но се уште нема одговор што би се случувало во иднина.