Новиот Sony Xperia од средната класа ќе има 5G

Објавено на 19.12.2019 во Новости



Новиот Sony Xperia од средната класа ќе има 5G

Sony Mobile за следната година подготвува нов уред од средната класа од Xperia серијата кој ќе има поддршка за 5G мобилна мрежа.

Овој уред го направи и првиот бенчмарк тест од каде се открива дека ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 765G процесор, 8 GB RAM и Android 10 оперативен систем.