Mac OS X - голем број апликации се ранливи на хакерски напади

Објавено на 10.02.2016 во Новости



Mac OS X - голем број апликации се ранливи на хакерски напади

Во споредба со Windows оперативните системи, Apple и неговиот Mac OS X се уште се релативно безбедни. Причината за големите разлики во тој сегмент е прозаичен. Колку повеќе се користи Windows OS низ планетата, толку повеќе малициозни софтвери се појавуваат. 

Изгледа дека се менува традицијата, односно Mac OS X на Apple има огромен број на апликации кои се ранливи на "man-in-the-middle" (MiTM) напади. Едноставно кажано, се работи за напади каде хакери симулираат сигурна врска меѓу компјутерите и серверите каде што се наоѓа апликацијата, додека наведената врска во реалноста оди преку нивниот proxy и имаат можност да го инфицираат посакуваниот компјутер. Утврдено е дека најранливи апликации се: Camtasia 2, uTorrent, Sketch, DuetDisplay и многу други. Од Apple се уште немаат коментар за ова. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}