Дали Disney + стана закана за Netflix?

Објавено на 21.12.2019 во Новости



Дали Disney + стана закана за Netflix?

Еден месец по официјалниот пласман на Disney Plus стриминг сервисот за цртани, серии и филмови прашањето е дали фановите веќе му вртат грб на Netflix кој има поширок спектар на содржини повеќето од нив оригинални и добар дел од нив интернационални.

Disney + стигна до 22 милиони претплатници споредено со Netflix кој има 160 милиони претплатници, од кои 60 се од САД. 

Во последните анкети 65% од корисниците на Disney + рекле дека овој сервис не е замена за Netflix, а само 6,5 би ја укинале претплатата на конкуренцијата.