Фото: Големо отворање на премиум салонот на Анхоч

Објавено на 21.12.2019 во Новости



Фото: Големо отворање на премиум салонот на Анхоч

Брендот за малопродажба на електроника Анхоч го отвори новиот премиум салон во комплексот МИДА.

Новиот салон располага со најнова ИТ опрема, смартфони, телевизори, аудио опрема, како и посебен гејмерски простор каде може да се најдат најквалитетните гејминг десктоп машини, специјализирани фотелји, конзоли за видео игрите и голем избор на дополнителна и помошна опрема.



Премиум салонот на Анхоч нуди разновидни производи од голем број на брендови и понуда која ќе ги задоволи потребите на сите купувачи.



На самото отворање имаше огромен интерес кај купувачите кои чекаа во редици за да стигнат до производите.