Sony планира нов Xperia смартфон со централна селфи камера

Објавено на 23.12.2019 во Новости



Sony планира нов Xperia смартфон со централна селфи камера

Sony Mobile следната година планира да лансира нов смартфон од високата класа со централно поставена селфи камера со отвор кој ќе биде доста мал и нема да одзема простор од видното поле на корисникот.

Новиот Sony Xperia од високата класа исто така ќе има и ново мени за мултитаскинг и работа со повеќе апликации со цел да се искористи неговата масовна површина на екранот со размер од 21:9.