Speedtest ќе нуди бесплатен VPN на почеток
Објавено на 25.12.2019 во Новости
Speedtest, популарната апликација за тестирање на брзината на интернет врската отсега ќе нуди и дополнителна услуга за VPN преку сигурна интернет конекција со што ќе може да пристапите до рестриктивни страници со геоблокирање и слични сервиси на ваша одговорност.
За почеток додека Speedtest VPN е во бета фаза услугата ќе биде бесплатна. Потоа ќе бидат достапни 2 GB интернет сообраќај месечно и повеќе пакети на платени услуги.
Корисниците кои ќе пристапат на Speedtest ќе ги користат нивните сервери за VPN целосно анонимно без да остават никаков запис што е доста примамливо за тие кои сакаат да ја заштитат својата приватност и лични податоци.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.