Одличниот Huawei Nova 6 SE пуштен во продажба
Објавено на 26.12.2019 во Новости
Huawei го пушти во продажба новиот смартфон од високата средна класа Nova 6 SE кој може да се нарача од нивната веб страна за цена од околу 300 евра со тоа што ќе треба да се почека малку за неговата глобална достапност.
Huawei Nova 6 SE доаѓа со 6,4 инчен LCD FHD Plus дисплеј, работи со осум јадрен Kirin 810 процесор, расплага со четири главни камери на задната страна, 16 мегапикселна селфи камера, како и топ батерија од 4200 mAh со можност за супер брзо полнење од 40W.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.