Samsung го спрема првиот 5G таблет на пазарот - Galaxy Tab S6

Објавено на 26.12.2019 во Новости



Samsung го спрема првиот 5G таблет на пазарот - Galaxy Tab S6

Samsung Galaxy Tab S6 во блиска иднина добива можност за 5G конекција, што значи дека ќе биде прв таблет со најновиот тип со најбрза интернет мрежа. 5G верзијата на Galaxy Tab S6 се појави на веб-страницата како продукт што наскоро излегува во продажба.
        
Се разбира, перформансите на Tab S6 ќе бидат исти, само што ќе се со 5G мрежа. Samsung Galaxy Tab S6 беше претставен во септември, а опремен е со Snapdragon 855 процесор. Останува допрва да видиме каков ќе биде 5G моделот на таблет и кога ќе излезе.