Американската морнарица забранила TikTok поради „закана за кибернетската безбедност“

Објавено на 26.12.2019 во Новости



Американската морнарица забранила TikTok поради „закана за кибернетската безбедност“

Американската морнарица забранила користење на популарната кинеска апликација TikTok на службените уреди. Со официјално известување се наведува дека TikTok е “закана за кибернетската безбедност“ и секој што на својот уред ќе ја има инсталирано оваа апликација ќе му биде ускратен пристапот кон морнарската интернет мрежа.

Ова не е прв пат за американската војска да направи потег против TikTok. Уште пред некој месец наредија да се изврши безбедносна проценка на апликациите откако американскиот сенатор Чак Шумер изразил загриженост за се поголемата употреба на апликациите меѓу воените лица. TikTok ги собира сите лични податоци и корисничката содржина и комуникацијата, IP адреси, податоци за локацијата и останатите лични информации. 

Автор: Aleksandar Stankov