Пораките на WhatsApp ќе исчезнуваат и во групен разговор

Објавено на 27.12.2019 во Новости



Пораките на WhatsApp ќе исчезнуваат и во групен разговор

WhatsApp тестира нова опција која ќе овозможи пораките кои што се испратени во групни разговори со повеќе корисници по одредено време да исчезнуваат и да нема од нив повеќе никаков запис во самиот чат.

Корисниците ќе може да одберат пораките да се избришат по еден час, еден ден, една недела, еден месец и една година.

Опцијата за бришење на пораките во групните разговори на WhatsApp ќе им биде достапна само на администраторите на групата.