LG Neon Plus оди контра трендовите

Објавено на 27.12.2019 во Новости



LG Neon Plus оди контра трендовите

LG подготвува нов смартфон во основната класа, но воопшто не ги следи модерните трендови туку наликува на смартфон од пред неколку години.

LG Neon Plus е откриен со застарен дизајн со рамка околу целиот екран со помала искористеност на предната површина и со физички копчиња за контрола од страна.

LG Neon Plus засега е познато дека ќе има 8 мегапикселна единечна главна камера, 5 мегапикселна селфи камера и Android Pie оперативен систем.

Планирано е LG Neon Plus да биде претставен во јануари за време на CES 2020 во Лас Вегас.