Galaxy S11 можеби нема да е следниот предводник на Samsung

Објавено на 27.12.2019 во Новости



Galaxy S11 можеби нема да е следниот предводник на Samsung

Galaxy S10 серијата ја означија десет годишнината од најпопуларната предводничка линија на Samsung. Единаесеттата серија ќе биде откриена во блиска иднина, односно за неполни 2 месеци. Јужнокорејската компанија планира да изврши големи промени во брендирањето.

Идниот „Samsung Galaxy S11“ би можел да биде преименуван во Samsung Galaxy S20. Компанијата очигледно смета дека е време на промени во цифрите. Типстерот Ice Universe тврди дека Samsung конечно се одлучил за брендирање на следниот предводник - ‘Galaxy S20’. Очигледно ова за Samsung значи почеток на нова деценија и иновации.