Huawei подготвува поевтини Nova Buds слушалки

Објавено на 29.12.2019 во Новости



Huawei подготвува поевтини Nova Buds слушалки

Huawei во стратегијата за креирање на суб-брендот Nova најверојатно ќе опфати и лансирање на посебни безжични слушалки кои би се спарувале со поквалитетните смартфони од оваа класа.

Затоа гледаме дека веќе е резервирано името Huawei Nova Buds како следни безжични слушалки кои би ги продавал Huawei на глобално ниво, односно би ја заокружил целата понуда на додатни уреди за смартфон со смарт часовници и слични додатоци.

Huawei во премиум класата веќе ги има Huawei Freebuds безжичните слушалки кои пристигнаа со Huawei P30.