И покрај забраните, Huawei е со зголемени приходи и продажба

Објавено на 02.01.2020 во Новости



И покрај забраните, Huawei е со зголемени приходи и продажба

Доналд Трамп успеа во мала мера да да го спречи растот на Huawei, но не и целосно. Кинескиот бренд сепак ја заврши годината со плус, со зголемување на приходите и зголемување на бројот на продадени телефони. 

Претседателот Ерик Шу, во новогодишната порака им соопшти на вработените дека е релизиран раст на приходите од 2019 година за 18%, што е помалку од растот реализиран една година порано, кој изнесуваше 19,5%. Меѓутоа, со оглед на сите забрани, ова е дефинитивно рекорд, што е еднакво на 122 милијарди долари реализиран приход на компанијата. 240 милиони смартфони вкупно се испорачани, што е раст од 20% во споредба со една година порано.