Книготека.мк: Излезе првата македонска апликација - дигитална книжарница

Објавено на 03.01.2020 во Новости



Книготека.мк: Излезе првата македонска апликација - дигитална книжарница

Книготека.мк поради еколошки причини, за зачувување на околината и задоволување на библиофилите, одлучила да ја креира апликацијата, со која ќе може корисниците да купуваат електронски книги од нашите македонски издавачи. Книгите ќе може да се купуваат и да се читаат онлајн и офлајн. 

„Го создадовме првиот агрегатор за електронски книги со цел да ги направиме книгите подостапни до читателите и да им овозможиме да читаат во кое било време, каде и да се наоѓаат во светот. Изреката ‘so many books, so little time’, повеќе не е изговор да не им се посветиме на книгите во овој брз и динамичен свет на живеење“,  соопштува Марија Ичокаева.

Апликацијата Книготека.мк е бесплатно достапна на iOS и Android и располага со 300 книги од странски и од домашни автори. 

Автор: Aleksandar Stankov