Вложувањето во оваа компанија беше најдобрата инвестиција на деценијата

Објавено на 03.01.2020 во Новости



Вложувањето во оваа компанија беше најдобрата инвестиција на деценијата

Генерацијата на Netflix филмовите и сериите веднаш ги гледа филмовите кога ќе станат достапни и на нив може да ужива на големите екрани, таблетите или на мобилните уреди. Со други зборови, Netflix навремено ја препозна важноста за стриминг и оригинална содржина. Во овие десет години креираше огромна база на корисници.

Netflix е денес една од 40 највредни компани во САД, чија пазарна вредност деновиве се движи од 140 до 150 милијарди. Според податоците од минатиот квартал, бројот на претплатници низ цел свет изнесува речиси 160 милиони. Константниот раст на бројот на претплатници е клучниот генератор на раст на цената на акциите. Според CNBC, акцијата на Netflix оствари најдобар раст на берзанскиот индекс S&P 500 – во споредба со почетокот на 2010 година до денес, остварена е добивка од дури 4181%. Влогот од милион долари во акциите на Netflix на 1 јануари, 2010 година, денес би вредел околу 43 милиони долари, анализирале од CNBC.