Xiaomi Mi Mix Alpha одложен во недоглед
Објавено на 03.01.2020 во Новости
Xiaomi засега нема технички можности да го пушти во продажба најавениот иновативен смартфон Xiaomi Mi Mix Alpha со екран кој е обвиткан од предната и од задната страна.
Двојниот екран на Xiaomi Mi Mix Alpha е вистински предизвик и практично засега е невозможно да се произведе на вистински начин без да има проблеми и несакани активирање на менито.
Пример додека го држите смартфонот кој целосно е обвиткан со дисплеј вие всушност го допирате самиот екран, па затоа засега амбицијата на Xiaomi е нереализирана.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.