Nokia 6.1 Plus стигна со Android 10 надградбата

Објавено на 07.01.2020 во Новости



Nokia 6.1 Plus стигна со Android 10 надградбата

HMD Global продолжува со лансирање на редовни и навремени софтверски надградби за сите модели на Nokia смартфоните, вклучувајќи ги и тие од средната класа како што е Nokia 6.1 Plus. 

Корисниците на Nokia 6.1 Plus веќе може да ја инсталираат големата софтверска надградба со последната верзија на оперативниот систем Android 10 со што овој смартфон ќе ги добие сите новитети како поголема вклученост на Dark Mode во менијата, поголема безбедност и заштита на приватноста, подобро менаџирање на нотификации и батеријата. 

Надградбата со Android 10 за Nokia 6.1 Plus тежи околу 1,3 GB, па затоа пред инсталација добро проверете дали имате доволно простор на меморијата. 





Прочитајте повеќе: