Huawei: Вложуваме во истражување и развој, 30% повеќе од Ericsson и Nokia заедно

Објавено на 08.01.2020 во Новости



Huawei: Вложуваме во истражување и развој, 30% повеќе од Ericsson и Nokia заедно

Шефот на Huawei, Рен Женгфеи, најави пооглеми вложувања во иднина во 5G мрежата со цел да се „активира потенцијалот на новите технологии и да се подигне стандардот на животот“. 

„Компаниите што први ќе ги искористат AI предностите, ќе реализираат голема добивка, додека земјите што први ќе ја усвојат ќе имаат најмногу корист“, изјавил Женгфеи, директорот и основач на Huawei.

Huawei континуирано вложува во истражување и развој на новите технологии, па така лани во нив вложил дури 14,3 милијарди долари, што е повеќе од Apple, Intel или Cisco, и речиси 30% повеќе од двата најголеми конкурента на Huawei што работат со мрежна опрема - Ericsson и Nokia заедно. Huawei планира да вложи од 15 до 20 милијарди американски долари во истражување и развој оваа година.