Откриен е опасен безбедносен пропуст во TikTok

Објавено на 09.01.2020 во Новости



Откриен е опасен безбедносен пропуст во TikTok

Откако Instagram и Snapchat го заменија многу млади со Facebook, во последно време тинејџерите се повеќе го користат кинескиот TikTok. Кинеската социјална мрежа овозможува споделување и уредување на кратки видеа со следбеници и ја користат стотици милиони корисници секој месец.

Интересно е тоа што американската морнарица неодамна ја забрани оваа апликација за користење поради кибернетска безбедност. Од безбедносната компанија Check Point објавија дека TikTok навистина имал некои безбедносни проблеми и поради пропуст во апликацијата, корисниците биле ранливи на хакерски напади. Се работи за повеќе софтверски пропусти, со кои хакерите им испраќале малициозни линкови на корисниците. Со овој пропуст хакерите можеле да објавуваат содржина во името на корисниците што ги хакирале, можеле да им праќаат приватни видеа и да ги направат јавни, да бришаат видеа и да им ги видат личните податоци како што се: адреса, роденден и број на трансакциска сметка. 

Добрата вест е што Check Point прво ги контактирале претставниците на TikTok, па компанијата уште од минатиот месец ги решила овие безбедносни проблеми.