Nokia 6.1 втора година по ред со голема надградба

Објавено на 09.01.2020 во Новости



Nokia 6.1 втора година по ред со голема надградба

HMD Global покажува дека неговите корисници може навистина да извлечат максимум од вложените пари со долгорочната софтверска поддршка. Вистински доказ за тоа е Nokia 6.1 кој иако е смартфон само од средната класа веќе втора година по ред добива голема софтверска надградба.

Nokia 6.1 сега стигна до најновата верзија на оперативниот систем Android 10 со што ги добива сите одлични новитети во софверот како што се примена на Dark Mode, подобра заштита на безбедноста и подобро управување со нотификации.

Надградбата за Nokia 6.1 со Android 10 зафаќа простор од околу 1,5 GB па затоа пред да ја инсталирате направете проверка дали имате доволно меморија и користете Wi-Fi мрежа/