Јапонскиот милијардер преку Twitter дава 9 милиони долари

Објавено на 10.01.2020 во Новости



Јапонскиот милијардер преку Twitter дава 9 милиони долари

Јапонскиот моден тајкун Јусаку Маезава ќе им даде пари на луѓето од сиромашните места, затоа што смета дека парите ги усреќуваат луѓето. Тој ќе ги даде парите преку Twitter. Често пати има многу измами на социјалните мрежи со лажни наградни игри, со што се нуди нешто бесплатно, но не е таков случајто со Маезава.

Тајкунот најави дека ќе даде 9 милиони долари на следбениците што ќе ја ретвитаат неговата објава. Наградата е ограничена само на корисниците од Јапонија, а досега над 4 милиони луѓе го споделиле неговиот твит, но се уште не се објавени добитниците на наградата. Парите ги дава како социјален експеримент, со што сака да ги поттикне научниците и економистите на расправа околу универзалните приходи и сака да дознае дали сумата што ќе ја добијат луѓето (станува збор за околу 9 илјади долари по лице) навистина ќе ги усреќи тие луѓе.

Автор: Aleksandar Stankov