Евтините телефони во Америка преполни со кинески малвер

Објавено на 11.01.2020 во Новости



Евтините телефони во Америка преполни со кинески малвер

Евтините смартфони што сиромашните Американци можеле да ги купат во склоп на владината програма се преполни со малвер, открива Malwarebytes, компанија што се занимава со компјутерска безбедност. Телефоните што ги кофинансирала американската Федерална комисија за комуникација доаѓаат од Кина, а Американците ги купувале за цена од 35 долари.

На телефоните се откриени два вида на малвер, што се невозможни да се отстранат: Првиот Adups malware е позната кинеска алатка за собирање на лични податоци, а вториот се крие во апликациите што ги управуваат поставките на телефонот и претставува комбинација од тројански вирус и малвер што прикажува реклами.