Stadia гејмингот сервисот наскоро за сите смартфони

Објавено на 13.01.2020 во Новости



Stadia гејмингот сервисот наскоро за сите смартфони

Google започна голем број на тестови на Stadia стриминг сервисот за видео игри на повеќе брендови на смартфони кои не се дел од нивната Pixel серија на мобилни уреди.

Дел од корисниците кои ја имаат инсталирано Stadia апликацијата и ја користат пред се за играње на нивниот десктоп или лаптоп компјутер во овој тест период може да проверат како функционира гејминг стриминг сервисот на нивниот смартфон, но само во ограничен период.

Stadia наскоро треба да биде достапна за сите смартфони односно за месечна претплата гејмерите ќе имаат пристап до голем број на видео игри кои може да ги активираат без да ги инсталираат.