Домашниот робот Roomba ќе добие раце и ќе помага во миење садови

Објавено на 13.01.2020 во Новости



Домашниот робот Roomba ќе добие раце и ќе помага во миење садови

Првиот робот што почна да се користи во домаќинствата е iRobot Roomba. Не изгледа како класичен робот, но својата работа во куќата ја извршува одлично и со текот на времето се појавија други такви домашни роботски помагала. 

iRobot со текот на времето претстави бројни други модели од своите роботски смукалки, кои добија нови опции, па така денес можеме да управуваме со нив преку нашите смартфони преку апликација. Во иднина роботите на iRobot ќе добијат и раце. iRobot е најпознат по роботските смукалки.