Bose ги затвора продавниците ширум светот
Објавено на 16.01.2020 во Новости
Популарниот бренд на аудио опрема Bose соопшти дека во наредните месеци ќе затвори стотина продавници во Европа, САд, Јапонија и Австралија поради промена на бизнис моделот.
Со затворањето на продавниците голем број на вработени во продажба ќе бидат отпуштени за што ќе добијат отпремнина.
Bose во наредниот период ќе се фокусира на мал број на премиум продавници, а останатата продажба ќе ја реализира исклучиво онлајн.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.