Concept UFO: Преносна играчка конзола за PC игри

Објавено на 17.01.2020 во Игри



Concept UFO: Преносна играчка конзола за PC игри

Смартфоните на многумина им станаа омилена играчка конзола, што имаше високо влијание врз гејмерскиот пазар. Така Sony го дигна белото знаме со преносниот PlayStation и пред неколку години го пензионираше овој уред.

Потребата сепак ја има за преносни конзоли. Nintendo Switch е доказ дека може да се продава. Тоа е всушност класична конзола поврзана со телевизор или само како класична рачна конзола. Lite верзијата на Switch не може да се поврзе ниту со ТВ, а наменета е само за мобилно играње. 

Alienware на CES саемот на прикажа рачната конзола што потсетува многу на Switch, но постои голема разлика – уредот е наменет за играње на PC игри. Компанијата ги внела компонентите на PC компјутер во конзолата како што е Switch, која работи на Windows 10, така што на неа ќе може да игра игри како на лаптопи или десктоп компјутери. 

Concept UFO од јапонската компанија ја позајми и идејата за посебни контролери сместени од задната страна на уредот, а има и сталка што овозможува поставување на уредот на рамна површина. Може да се поврзе со телевизор, па така во игрите може да се ужива и на големите ТВ екрани.