Samsung ја започна продажбата на Galaxy A51 во Европа

Објавено на 18.01.2020 во Новости



Samsung ја започна продажбата на Galaxy A51 во Европа

Samsung Mobile ја започна продажбата на новиот смартфон од средната класа Samsung Galaxy A51 во Европа каде очекува многу солиден прием од страна на корисниците благодарение на квалитетната понуда и цена.

Во зависност од операторот или продажните места за електроника цената на Samsung Galaxy A51 за основниот модел со 64 GB и 4 GB RAM може да се најде од 350 до 400 евра со главниот адут од четири главни камери на задната страна.