Firefox за Android добива возбудлива надградба

Објавено на 19.01.2020 во Новости



Firefox за Android добива возбудлива надградба

Firefox мобилниот интернет прелистувач за Android најави дека следната недела ќе добие нова верзија која може да се тестира преку Nightly опцијата каде првично доаѓаат сите нови функции.

Nightly е тест апликација за Firefox наменета пред се за девелоперите па затоа не се препорачува да се користи како редовен дневен избор, но со направените тестови ќе ме да видите се што ќе биде ново во Firefox.

Инаку финалната целосно нова верзија на Firefox ќе биде готова околу април и возбудливо е што интернет прелистувачот ќе биде многу брз и ефикасен, а истовремено целосно ќе се грижи за приватноста и безбедноста на корисниците.