Apple и покрај огромниот електронски отпад не се откажува од Lightning

Објавено на 20.01.2020 во Новости



Apple и покрај огромниот електронски отпад не се откажува од Lightning

Двете мобилни платформи кои се доминатни iOs и Android користат сосема различни видови на полначи. Смартфоните и мобилните уреди на Android постојано воведуваат иновации со USB влезот, додека пак Apple упорно се држи кон сопствените затворени стандарди кои ги нуди Lightning конекторот.

Тоа доведува до неупотребливост на веќе купените конектори и полначи кога би смениле смартфон, односно не може Lightning кабелот да го искористите за полнење на Android смартфон. Така доаѓа до создавање на огромни количини на електронски отпад кој е огромна закана за животната средина.

Без оглед на предупредувањата на регулаторите од Apple посочуваат дека се против универзален конектор кој според нив може да ги ограничи иновациите и затоа се залагаат за употреба на адаптери кој може еден конектор да го поврзат со полначот без да има потреба да се купува нова опрема за полнење.