Xiaomi Mi 10 доаѓа со 108 мегапикселна камера

Објавено на 21.01.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 доаѓа со 108 мегапикселна камера

Xiaomi очигледно добро сфатил дека годинава премиум брендовите ќе се натпреваруваат со тоа кој има подобра мобилна камера како една од најважните иновации за кои се грижат корисниците.

Токму затоа новиот премиум смартфон Xiaomi Mi 10 кој доаѓа наскоро ќе има примарен сензор од 108 мегапиксели со што ќе се овозможи 10х оптички зум.

Главната камера на Xiaomi Mi 10 ќе има вкупно четири сензори, па покрај примарниот ќе има леќа со широк агол, макро леќа и 3D ToF камера.