Pocophone X2 ја заскокотка јавноста

Објавено на 23.01.2020 во Новости



Pocophone X2 ја заскокотка јавноста

Poco откако стана самостоен бренд во однос на Xiaomi го објави својот прв тизер за новиот смартфон кој може да дојде наскоро во евтината премиум класа.

Тоа што досега сите го знаеме е дека сосема извесно ќе го видиме наследникот Pocophone F2 кој исто така треба да понуди одлични перформанси.

Но, сега за прв пат добиваме детали дека наскоро ќе биде лансиран и моделот Pocophone X2 кој се уште не сме сигурни дали ќе има нешто помоќни перформанси или пак ќе служи како поевтина верзија од главната понуда.