24 часа продавница функционира само преку телефон

Објавено на 01.03.2016 во Новости



24 часа продавница функционира само преку телефон

Шевдскиот град Викен можете да купите секаква храна во било кое време, поточно во продавница што работи дено-ноќно 24 часа, без физички присутни продавачи. Во продавницата може да влезат сите што ја преземале апликацијата, во која мора да ги внесат личните податоци и бројот на кредитната картичка. 

Храната не се наплатуваат на каса, туку корисниците ги скенираат продуктите преку апликацијата и на крајот на месецот добиваат сметка за плаќање. Човечка интервенција е потребна само за редењето на производите на полиците кога ќе се испразнат. Продавницата е обезбедена и во случај на кражба, доколку вратата е отворена повеќе од 8 секунди или некој провали, тогаш автоматски се испраќа СМС порака. Во тој случај сопственикот Роберт Илијасон може да провери за што се работи и да пријави во полиција, затоа што живее во близина. Сепак, тој верува дека неговата продавница нема да им биде атрактивна на крадците, затоа што нема пари во неа.

Не се продаваат лекови, марихуана и алкохол, туку само основни намирници како што се: леб, млеко, храна за бебиња, пелени и слично. Како најголем проблем при влегувањето во оваа продавница е наведено тоа што постарите генерации нема да се снајдат со користењето на модерната технологија, односно апликацијата и купувањето преку телефон. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}