Google пронајде безбедносен пропуст во ITP технологијата на Apple

Објавено на 24.01.2020 во iOs



Google пронајде безбедносен пропуст во ITP технологијата на Apple

За Google и Apple може да се каже дека се двете најголеми технолошки компании на светот и главни конкуренти. Тоа не значи дека треба да бидат во конфликт. 

Google во својата анализа наведува дека открил и пријавил до Apple да го поправи безбедносниот пропуст, кој потенцијално би можел да загрози милиони корисници и цел Apple систем за заштита на приватноста на корисниците. Apple во 2017 година ја претстави алатката за заштита на приватноста ITP (Intelligent Tracking Prevention), која треба да ги заштити корисниците од неовластено следење преку „колачиња“.

Најголемата предност на ITP е што може да блокира нападно следење на интернет, но тоа беше и неговата најголема слабост. Google открива дека поради безбедносниот пропуст хакерите може да ги свртат нештата во своја корист и уште поинтензивно да ги следат корисниците.