Vyommitra е првата индиска жена-робот што ќе оди во вселената

Објавено на 24.01.2020 во Новости



Vyommitra е првата индиска жена-робот што ќе оди во вселената

Индиската вселенска  агенција (ISRO) ќе го прати роботот Вајомитра во вселената за тестната беспилотна мисија оваа година. Овој голем чекор се прави за да се провери од колкава помош би бил роботот за астронаутите во вселенската мисија Гаганијан, која ќе се реализира во декември 2021 година. 

За тестната мисија ќе биде пратен еден робот во декември 2020 година, и уште еден во јуни 2021 година. Вајомитра на санскрит јазик значи „пријател во вселената“, кој е креиран за извршување на различни функции, како и да одговара на прашања од космонаутите и операции во рамките на системот за поддршка на живот.