Samsung Galaxy Fold 2 како премиум опција доаѓа ова лето

Објавено на 27.01.2020 во Новости



Samsung Galaxy Fold 2 како премиум опција доаѓа ова лето

Samsung Mobile наследникот на смартфонот на превиткување со два екрани Samsung Galaxy Fold го планира некаде за текот на летото и овој модел ќе биде премиум опција што значи дека ќе ја задржи цената од 1500 до 2000 долари.

Следниот месец доаѓа всушност Samsung Galaxy Fold Z кој ќе им прави друштво на моделите од Samsung Galaxy S20 серијата, исто така ќе биде флексибилен, но ќе биде нешто поевтин со цена од околу 1000 долари.

Се очекува новата генерација на флексибилни смартфони на преклоп на Samsung да има напреден механизам на склопување со што би се решиле сите проблеми со функционалноста на Galaxy Fold.