Google воведе промени при пребарувањето со платените линкови

Објавено на 27.01.2020 во Новости



Google воведе промени при пребарувањето со платените линкови

Google го промени начинот на приказ на линкови со реклами кога пребарувате. Претходниот начин беше поедноставен и не сме сигурни дали новиот начин ќе биде добредојден од корисниците. 

Порано рекламираните линкови беа обоени со друга позадина, додека со новата промена не се препознаваат платените огласи, што значи дека корисникот нема да знае дали линкот што ќе го кликне е реклама или кориснцата информација што ја пребарувал. Сепак, на платените линкови ќе има ознака во горниот лев агол со "ad" (реклама).