Samsung Galaxy Note 20 изгледа го позајмува дизајнот од S20
Објавено на 28.01.2020 во Новости
На Weibo се појавија шематски прикази со дизајнот на Note 20 и изгледа дека дизајнот е позајмен од S20 со голем правоаголен модул за задните камери. Дефинитивно правоаголникот ќе биде новата форма за Samsung уредите во 2020 година, а како пример може да се земат Galaxy A71 и A51, кои беа презентирани сега во декември.
Од Note 20 можеме да очекуваме USB-C порт за полнење, S Pen стилусот, звучник и микрофон од долната страна на уредот. Нема да има аудио џек за слушалки, но нема да биде проблем, затоа што корисниците се навикнати на тоа. Од горната страна имате уште еден микрофон со IR blaster.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.