Huawei P40 ќе биде за 200 евра поевтин?

Објавено на 28.01.2020 во Новости



Huawei P40 ќе биде за 200 евра поевтин?

Според засега инсајдерски податоци новата серија на премиум смартфони Huawei P40 ќе биде најверојатно за 200 евра поевтин во однос на ланските модели на Huawei P30 каде почетниот модел чинеше 800 евра, додека пак Pro моделот можеше да се купи за цена од 1000 евра.

Сега се претпоставува дека Huawei P40 ќе се продава за 600 долари што е одлична сума за премиум модел, додека пак Huawei P40 Pro ќе се продава за 800 долари исто така доста атрактивно за ваква понуда.