Huawei се збогува со Google, вложува 3 милијарди за 4000 девелопери

Објавено на 01.02.2020 во Новости



Huawei се збогува со Google, вложува 3 милијарди за 4000 девелопери

Трговската војна меѓу САД и Кина нема толку скоро да заврши, во која двете страни губат. Односно, кинеската компанија можеби и нема толку да загуби со оглед на тоа што развива свои апликации, на кои корисниците не се навикнати. Како и да е, Huawei инвестира милијарди долари во девелопери за развој на апликации. 

Поради американската забрана, мобилните уреди на Huawei останаа без сервисите на Google. Поточно кажано, сите нови уреди претставени после таа забрана, немаат Google апликации, ниту Android верзијата на Google. Уредите што веќе беа претставени и продадени уредно имаат пристап кон сите Google сервиси и ажурирања. Само оваа година Huawei вложува 3 милијарди долари за 4000 девелопери да работат на нивниот HMS (Huawei Mobile Services) систем, и уште една милијарда за маркетинг. Новата P40 серија ќе биде прва со новиот еко систем на Huawei.