Apple за првата половина на 2020 година, спрема повеќе производи

Објавено на 01.02.2020 во Новости



Apple за првата половина на 2020 година, спрема повеќе производи

Врвот на годината за Apple е во септември, кога Тим Кук и екипата ги претставуваат новите модели на iPhone, уредите на кои заработуваат повеќе пари и остваруваат најголем профит. Истото се очекува и оваа година, новите iPhone телефони се очекуваат во деветтиот месец. 

Според последните прогнози на Минг-Чи Куо, во првите шест месеци може да очекуваме дури шест нови уреди. Еден од нив е iPhone SE 2, кој ќе биде сличен како iPhone 8, но под хауба со подобар хардвер, за цена од 399 долари. Тој телефон дефинитивно ќе се продава одлично за таа цена.

Во првата половина на годината, Apple го спрема и новиот iPad Pro, кој на пазарот ќе се појави во март, исто како iPhone SE, кој ќе биде со 3 задни камери. Се очекува и нов модел на MacBook Pro или Air, а кој знае, можеби и претстава за надградба на двата модела.

Уште од минатата недела се очекува дека Apple ќе претстави свој тракер, мал уред за лоцирање и наоѓање на уреди и нешта за кои што е поставен, на пример клучеви, паричник, чанта, итн. Овој уред би можел да се нарекува AirTags. Изгледа дека сепак ќе има безжична подлога за полнење, поквалитетна овој пат - AirPower.

Би требало да има и high-end слушалки, за кои нема никакви дополнителни информации, но ако станува збор за модел од високата категорија на слушалки, јасно е дека за нив треба да се плати поголем износ. 





Прочитајте повеќе: