Со Google Earth на смартфон ќе гледате во ѕвездите
Објавено на 03.02.2020 во Новости
Google ја надгради мобилната верзија на апликацијата Google Earth преку која сега корисниците ќе може да погледнат и надвор од планетата Земја и да ги набљудуваат околните ѕвезди од Млечниот пат.
Погледот на ѕвездите е овозможен преку податоците кои Google Earth ги презема од Европската јужна опсерваторија, а додадени се и анимации кои ги отсликуваат временските прилики.
Претходно погледот на ѕвездите преку Google Earth беше овозможен само од десктоп апликацијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.