Samsung Galaxy S20 ќе има рекорден ISO квалитет на камерата

Објавено на 03.02.2020 во Новости



Samsung Galaxy S20 ќе има рекорден ISO квалитет на камерата

Samsung Mobile патентираше нова технологија наречена Super ISO која драстично ќе го подобри квалитетот на камерата, а за прв пат се очекува да биде примената кај премиум смартфоните од серијата на Samsung Galaxy S20.

Според првичните информации се очекува Super ISO технологијата кај Samsung Galaxy S20 да има двојно поголем опсег од 6400 во однос на ISO 3200 кај Samsung Galaxy Note 10, што значи дека ќе може да се опфати поголем спектар на светлина за подобар квалитет на сликите и поголема изложеност на леќите на камерата.

Samsung Galaxy S20 ќе биде претставен на 11 февруари со голем напредок во сите области, од импресивна камера, до поддршка за 5G и супер напреден осум-јадрен Snapdragon 865 процесор со 12 GB RAM.