Xiaomi Mi 10 со онлајн најава поради корона вирусот

Објавено на 03.02.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 со онлајн најава поради корона вирусот

Xiaomi најверојатно ќе одржи само онлајн промоција на новите премиум модели од серијата Xiaomi Mi 10 без да оди физички промотивен настан додека трае справувањето со епидемијата на корона вирусот.

Сите детали за Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro ќе бидат откриени на 7 февруари, додека пак можноста за нивна нарачка ќе започне на 10 февруари

Првата испорака до корисниците кои прво ќе платат за Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro ќе се изврши на 14 февруари.