Poco X2 пристигна за цена од само 200 евра

Објавено на 04.02.2020 во Новости



Poco X2 пристигна за цена од само 200 евра

Pocophone како суб-бренд на Xiaomi го претстави новиот модел Poco X2 кој за основната верзија со 6 GB RAM и 64 GB ROM ќе се продава за цена од само 200 евра, претендирајќи да биде нов крал во средната исплатлива класа со високи перформанси.

Poco X2 нуди 6,7 инчен Full HD Plus Reality Flow дисплеј, работи со Snapdragon 730G процесор, располага со четири главни камери со примарен сензор од 64 мегапиксели на Sony, има двојна предна камера за селфи со 20+2 мегапиксели, како и батерија со капацитет од 4500 mAh со брзо полнење со потенцијал од 27W.

Poco X2 има технологија за течно ладење која ја спушта температурата генерирана од процесорот, ја штити батеријата и обезбедува екстра перформанси при напредни задачи.